shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Станковски: Триумфот над Вардар е урнек како треба да продолжиме

Работнички ја оствари првата победа во пролетниот дел од првенството, совладувајќи го Вардар со 2-1, во рамките на 21.коло од Првата фудбалска лига. Сите линии во тимот на Горан Станковски функционираа речиси беспрекорно, а тој потенцира дека изданието од овој меч треб да биде урнек како Работнички да продолжи да игра и во продолжението од шампионатот.

„Морам да бидам задоволен од нашето издание против Вардар. И претходно потенцирав дека верувам во овој наш тим и убеден сум дека имаме завиден квалитет, а на натпреварот со Вардар и покажавме првпат пролетва дека навистина можеме да одиграме на високо ниво. Желбата, трчањето, тактичката поставеност, речиси се беше онака како што се договоривме, постигнавме два брзи гола и го изненадивме Вардар, но и потоа го контролиравме противникот во текот на сите 90 минути. Тоа наше издание треба да биде урнек како да продолжиме понатаму во првенството“, вели шефот на стручниот штаб, Горан Станковски.

Временските услови го одложија следното 22.коло, кое требаше да се одигра в среда, но тимот продолжува да се подготвува напорно за следниот предизвик.

„Снежните врнежи го одложија следното коло, но ние продолжуваме да работиме и ќе се подготвуваме за следниот натпревар со Шкупи“, дополнува Станковски.