shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

В среда последниот тест против Беласица во Ѓорче Петров

Се ближи почетокот на пролетниот дел од првенството на Македонија, а Работнички го одработува последниот стадиум од зимските подготовки. По враќањето од Анталија, тимот продолжува со тренинзи во својата база во Скопје, а в среда ќе го има и последниот тест пред стартот на пролетта.

На „генералка“, Работнички ќе тестира со второлигашот Беласица, а пријателскиот натпревар е закажан за среда (7 февруари), со почеток во 14 часот, на игралиштето со вештачка трева во Ѓорче Петров.