shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички ремизираше (1-1) со Мариупол

Работнички ремизираше (1-1) против украинскиот прволигаш Мариупол на денешниот пријателски натпревар што се одигра во Анталија. Тимот на Горан Станковски беше подобар ривал во првиот дел и обезбеди предност, но Мариупол во завршницата од мечот стигна до израмнување.

Работнички поведе во 28.минута со голот на Стојанчо Велинов. Тој одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник и ја затресе мрежата на Мариупол. Осум минути подоцна Дедечко се закани, но Даниел Божиновски беше на висина на задачата.

Во вториот дел, Мариупол сепак успеа да израмни. Во 80.минута, Игор Тишенко успеа да реализира по центаршутот на Болбат од левата страна.

РАБОТНИЧКИ – МАРИУПОЛ 1-1 (1-0)

Фудбалски центар во Анталија. Стрелец: Велинов 28’ (Работнички), Тишенко 80’ (Мариупол)

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Крмар, Митрев, Красниќи, Херера, Трајчевски, Дурански, Стјепановиќ, Велинов, Серџо јуниор, Станковски.

МАРИУПОЛ: Кудгамов, Јаворскиј, Кирухантсев, Дава, Белиј, Демири, Тишенко, Тотовитскиј, Болбат, Дедечко, Боричук.