shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички почна со тренинзи во Анталија, утре испит против Габала (ФОТО)

Тимот на ФК Работнички почна со тренинзи во базата во Анталија. Тренерот Горан Станковски испланира жесток ритам на работа, утринава веќе беше одржан еден тренинг на игралиштето, како и дополнителна работа во салата за кревање товар. Попладне ќе следи втор тренинг, а веќе утре Работнички го очекува и првиот пријателски натпревар во Анталија. Противник ќе биде Габала од Азербејџан, а мечот е закажан за 15 часот по македонско време.