shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички пристигна во Анталија, од утре тренинзи и натпревари

Експедицијата на ФК Работнички попладнево пристигна во турскиот туристички центар Анталија, каде ќе го реализира вториот дел од зимските подготовки. Тимот е сместен во хотелот „Миракл“, кој е веќе добро позната база за нашиот клуб.

Веќе од утре, под раководство на шефот на стручниот штаб Горан Станковски ќе се реализира и планираната програма за подготовки. Сите фудбалери се чувствуваат добро и ќе се потрудат да се наметнат со добра работа во наредниот период.