shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Четири нови засилувања за Работнички

Работнички во овој зимски преоден рок доведе четири нови имиња, кои ќе ја засилат конкуренцијата во составот на Горан Станковски. Во иднина дресот на нашиот клуб ќе го носат Никола Шаркоски, Гзим Красниќи, Игор Крмар и Бујамин Асани. Исто така, професионален договор потпиша и младиот фудбалер Андреј Лазаров.

Никола Шаркоски (25) потпиша тригодишен договор со Работнички. Тој доаѓа од редовите на Победа и ќе го засили офанзивниот дел од нашиот тим.

Гзим Красниќи (28) е албански интернационалец, игра на позицијата централен одбранбен фудбалер, доаѓа од албанскиот клуб Партизани, и со Работнички потпиша договор на една година.

Игор Крмар (26) е хрватски интернационалец, игра на позицијата десен бек, и доаѓа од редовите на Слобода Ужице. Тој стави потпис на двегодишен договор со клубот.

Бујамин Асани (29) е повратник во македонскиот шампионат од романскиот второлигаш УТА Арад, игра на позицијата лев бек и потпиша двегодишен договор со Работнички.

Нашиот млад фудбалер Андреј Лазаров потпиша четиригодишен професионален договор со клубот. Тој е светла иднина на Работнички и во наредниот период сигурно ќе биде значаен дел од сениорскиот погон.