shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички ги договори пријателските натпревари за подготовките во Анталија

Фудбалскиот клуб Работнички и оваа зима ќе замине на подготовки во турската база Анталија. Нашиот тим ќе престојува во Анталија од 22.јануари до 1.февруари. Веќе се договорени и четири пријателски натпревари со кои составот на Горан Станковски ќе ја кова формата за пролетниот дел од шампионатот.

На 24.јануари Работнички ќе одигра пријателски натпревар против Габала (Азербејџан), а два дена подоцна ќе тестира против Кешла (поранешен Интер Баку), исто така прволигаш од Азербејџан.

На 29.јануари противник на Работнички ќе биде рускиот тим Динамо Санкт Петербург, а на 31.јануари ќе следи тестот против украинскиот прволигаш Мариупол.