shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Академијата на Работнички е гордоста на клубот

Фудбалскиот клуб Работнички го доби признанието за најдобар во младинскиот фудбал за 2017 година, во изборот на Фудбалската федерација на Македонија. Ова е само потврда на долгогодишната традиција за успешна работа во младинската академија на клубот.

Координаторот Баже Лазаревски е среќен што Академијата на ФК Работнички ниже успеси, и потенцира дека нејзината примарна намена е да продуцира млади фудбалери, но и нови тренерски кадри за сениорскиот погон на клубот.

„Академијата на ФК Работнички работи со полна пареа, ја продолжува традицијата што веќе една деценија и повеќе е изградена со успешни разултати, зад кои секако стои напорна работа и максимално професионална организација. Можеме да се заблагодариме на раководството на клубот, на чело со претседателот Драган Поповски, за тоа што ни се овозможени добри услови за работа, а сите ние заедно се обидуваме да ги искористиме на најдобар можен начин. Јас како координатор им давам и потполна слобода на тренерите во пионерско – младинските категории, да работат според своите идеи, да ги вметнат нови содржини и да се надградат во тренерската професија. Младите фудбалери имаат потполна грижа пред се од клубот, тренираат во еден одлично разработен систем, и тоа ете си носи и видливи резултати. Би сакал да напоменам дека овие награди и признанија секако ги делиме со сите структури во клубот, од секретарот Ѓоко Стојановски, потоа генералниот секретар Ненад Монев, тесното раководство на клубот на чело со претседателот Драган Поповски, но и економатот. Сите во ФК Работнички функционираме како едно големо семејство, и сето тоа придонесува и младите фудбалери да растат во една здрава спортска средина. Верувам дека и во иднина ќе продолжиме со успесите, а посебно ми е драго што голем дел од тренерскиот кадар потоа се користи и во сениорскиот тим. Најдобар пример е токму сегашниот шеф на стручниот штаб Горан Станковски, кој имаше одлични резултати со кадетскиот состав изминатата сезона, и за тоа беше награден од ФФМ. Претходно, и Томислав Франц беше тренер на сениорите, а сега повторно неговото искуство им го пренесува на младите фудбалери во школата“, истакнува координаторот на младинската академија на ФК Работнички, Баже Лазаревски.