shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Станковски: Мечот со Вардар не држи на готовс

Есенскиот дел од првенството официјално заврши со одигрувањето на 18.коло од Првата лига, но Работнички има уште еден предизвик, одигрувањето на одложениот натпревар против Вардар, кој е закажан за 13.декември, со почеток во 13 часот. Тренерот Горан Станковски не дозволува никакво опуштање, се додека не биде одигран и овој меч. Напротив, се тренира напорно, затоа што градската пресметка со Вардар секогаш носи и дополнителна инспирација.

„Вардар не држи на готовс. Останува да го одиграме одложениот натпревар на 13 декември и секако дека максимално сериозно му приоѓаме на овој првенствен меч. Тоа е можност да го зголемиме бодовното салдо, иако не очекува тежок дуел против актуелниот шампион. Работиме напорно, се подготвуваме за последната есенска обврска, а потоа ќе ги сумираме резултатите од есенскиот дел, и ќе заминеме на одмор, се до почетокот на зимските подготовки“, вели шефот на стручниот штаб, Горан Станковски.