shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Херера: Само победа не интересира од дуелот со Скопје

Работнички денеска (13 часот) на комплексот на ФФМ ќе го пречека тимот на Скопје, во рамките на 18.коло од Првата фудбалска лига. По поразот од Силекс во Кратово, составот на Горан Станковски сака да се рехабилитира и да освои три бода.

Себастијан Херера верува дека Работнички ќе успее да ја исполни целта на денешниот дуел.

„Размислуваме единствено за победа на дуелот против Скопје. Тие се цврсти во одбраната и тешко се пробива нивниот бедем, но работевме напорно изминативе денови на стратегијата и се надевам дека ќе бидеме успешни“, вели Херера.

Во пресрет на денешниот натпревар, Работнички се наоѓа на петтата позиција со 20 освоени бода, а Скопје е последнопласиран на табелата со 10 бода.