shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Натпреварот Работнички – Скопје ќе се игра в недела, на комплексот на ФФМ

Натпреварот од 18.коло во Првата фудбалска лига меѓу Работнички и Скопје ќе се одигра на комплексот на ФФМ, в недела со почеток од 13 часот. Поради недостапноста на арената „Филип Втори“, Работнички како домаќин за овој меч го избра стадионот „Петар Милошевски“ во Куќата на фудбалот.

Во пресрет на ова коло, Работнички се наоѓа на петтата позиција на табелата со 20 освоени бода и еден одигран меч помалку, додека тимот на ФК Скопје е последнопласиран, со 10 бода.