shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Трајчевски: Да освоиме бодови и во Кратово

Работнички утре (13 часот) му гостува на Силекс во Кратово во рамките на 17.коло од Првата фудбалска лига. Ќе биде тоа второ последователно гостување, откако во претходното коло тимот на Горан Станковски освои бод на гости во Струмица против тимот на Академија Пандев.

Капитенот Душко Трајчевски очекува добар настап и позитивен резултат за „романтичарите“ и од утрешното гостување.

„Силекс е квалитетен тим, со одличен тренер на клупата. Во Кратово тешко се освојуваат бодови, но ние посакуваме да оствариме позитивен резултат. Верувам дека имаме сили тоа и да го реализираме, затоа што тимот игра се подобро и подобро“, вели Душко Трајчевски.

Главен судија на натпреварот ќе биде Марјан Маркоски од Охрид, а ќе му помагаат Лазе Чакарески (Струга) и Симон Грданоски (Струга).