shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Ремек-дело на Јуниор за голем бод во Струмица

Серијата добри игри на Работнички продолжи и на гостувањето во Струмица против Академија Пандев, каде „романтичарите“ останаа непоразени (1-1) благодарение на голот во судиското продолжение на Бразилецот Сержо Јуниор.

Ремито е најреален исход ако се земе во предвид дека и двата тима одиграа одличен натпревар, пред се во второто полувреме. Првите 45 минути не донесоа стопроцентна шанса, а Работнички се закани само со ударот од далечина на Стјепановиќ, што Вујанац го одбрани без премногу проблеми

Вториот дел почна токму онака како што посакуваа домаќините, откако Марков одлично повлече контранапад од десната страна, го проигра Балдовалиев, кој рутински биеше во мрежата на нашиот тим. Домашниот тим можеше да ги разреши дилемите околу победникот откако по нова полуконтра од десната страна следеше извонреден центаршут до Сашко Пандев, но Божиновски извонредно одбрани.

Како што минуваше времето, така растеше и притисокот пред голот на домаќините. Кире Маркоски биеше опасно, но Вујанац одбрани, а Академија Пандев имаше и многу среќа откако Погосјан од идеална позиција од пет метри биеше крај голот. Истиот фудбалер во 90. минута имаше опасен удар што Вујанац го одбрани, за во 94. минута Работнички да стигне до заслужено израмнување, откако по одличниот продор и центаршут од десната страна топката на петнаесетина метри стигна до Сержо Јуниор, кој со фантастичен волеј удар донесе радост меѓу „романтичарите“.

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ 1-1 (0-0)

Стадион „Младост“ во Струмица. Судија: Димитар Мечкаровски (Скопје). Стрелци: Балдовалиев 52’ (Академија Пандев), Сержо јуниор 90’ (Работнички). Ж. картони: Пандев, Чешмеџиев (Академија Пандев), Маркоски, Сержо јуниор, Кадриу (Работнички).

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ: Вујанац, Атанасоски, Димов, Чешмеџиев, Вареловски (60’ Мишов), Стоилов (34’ Марков), Иванов, Атанасов, Пандев, Балдовалиев, Грифони (88’ Крстовски).

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Илиев, Митрев (81’ Кадриу), Садики (60’ Ефтимов), Билали, Трајчевски, Стјепановиќ, Велинов, Маркоски, Сержо јуниор, Гофри (64’ Погосјан).