shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Станковски: И во Струмица ќе ја играме нашата игра

Работнички има четири победи на последните пет мечеви во Првата фудбалска лига, а денеска (13 часот) го очекува тешко гостување кај новиот прволигаш Академија Пандев, тимот кој е најпријатното изненадување во досегашниот тек од сезоната со својот пласман на третата позиција. По триумфот над Победа, тренерот Горан Станковски и фудбалерите на Работнички се максимално фокусирани на денешниот дуел од 16.коло.

„Мечот со Победа веќе го заборавивме, со оглед дека денеска не очекува нов тежок дуел против Академија Пандев. Но, многу работи на тој меч функционираа според нашите желби и ќе се обидеме едно такво издание да повториме и на денешниот меч во Струмица. Тимот на Академија Пандев заслужува максимален респект, во својот состав има искусни фудбалери, но ние се надеваме дека ќе извлечеме позитивен резултат. Ќе ја играме нашата игра, офанзивно, агресивно, со желба да постигнеме гол повеќе. Доколку одиграме како на изминатите неколку мечеви, прикажеме голема борбеност и желба за надигрување, верувам дека ќе си заминеме среќни од Струмица“, вели тренерот Горан Станковски во пресрет на денешниот натпревар.