shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Убедлив триумф против Победа (4-0)

Работнички оствари убедлив триумф против Победа (4-0) на арената „Филип Втори“, во рамките на 15.коло од Првата фудбалска лига, искачувајќи се на петтото место на табелата со 19 бода.

Кире Маркоски уште во четвртата минута успеа да го отвори резултатот, според желбите на тренерот Горан Станковски. И во понатамошниот дел од мечот, Работнички играше доминантно. Во 30.минута, по корнерот најдобро се снајде Чарлс Чинеду Гофри и зголеми на 2-0.

На стартот од вториот дел, Гофри постигна и трет погодок во 56.минута, и по ова и дефинитивно беше јасно дека нашиот тим ќе ги освои трите бода. Но, и тоа не беше крај на серијата голови. Во листата на стрелците се запиша и Сержо јуниор, кој со луциден удар во 73.минута и четврти пат ја затресе мрежата на Давор Талевски.

Во рамките на наредното 16.коло, Работнички в недела ќе гостува во Струмица и ќе ги одмери силите со Академија Пандев.

РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА 4-0 (2-0)

Арена „Филип Втори“ во Скопје. Судија: Марјан Маркоски (Охрид). Стрелци: Маркоски 4′, Гофри 30′, 56′, Сержо јуниор 74′ (Работнички). Ж. картони: Илиев, Стјепановиќ, Ефтимов (Работнички), Илијовски, Гешоски (Победа).

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Илиев, Митрев, Билали, Ефтимов, Трајчевски, Стјепановиќ (70′ Најдовски), Велинов (73′ Погосјан), Маркоски (82′ Кадриу), Сержо јуниор, Гофри.

ПОБЕДА: Талевски, Ристевски, Илијовски, Најдовски, Хумбатов, Трајкоски (65′ Ацески), Мустафов, Наумоски (58′ Гешоски), Станиќ, Цветаноски (65′ Маневски), Шаркоски.