shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Гофри: Нашата цел е триумф против Победа

Работнички посакува да се врати на патеките на успехот во Првата фудбалска лига веќе на утрешниот натпревар против Победа, кој ќе се одигра на арената „Филип Втори“, со почеток во 13 часот. Напаѓачот Чарлс Гофри верува дека тимот може да отпочне нова серија позитивни резултати по репрезентативната пауза.

„Оваа пауза во првенството ја искористивме максимално за да се воиграме подобро. Мислам дека сега функционираме беспрекорно како тим, а и јас лично се подобро се приспособувам на македонскиот фудбал. Лигата е квалитетна, секој противник е нов предизвик, и Победа секако ја респектираме. Но, размислуваме единствено за триумф и за освојување на трите бода“, порачува Чарлс Гофри.

Работнички во пресрет на овој натпревар се наоѓа на шестото место на табелата со 16 освоени бода, а Победа е на осмата позиција со 15 бода.