shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Велинов: Само победа не интересира против Победа

По паузата поради репрезентативни обврски, првенството во Првата фудбалска лига продолжува в четврток, а Работнички на арената „Филип Втори“, со почеток во 13 часот, го пречекува тимот на Победа. Иако победничката низа заврши со поразот од Шкендија во Тетово, избраниците на тренерот Горан Станковски се надеваат дека ќе отпочнат нова серија на позитивни резултати.

Стојанче Велинов истакнува дека Работнички размислува единствено за трите бода на дуелот в четврток против Победа.

„Паузата ја искористивме за да се подготвиме уште подобро за предизвиците кои ни претстојат до крајот на есенскиот дел од првенството. В четврток ја пречекуваме Победа, и би рекол дека размислуваме единствено за победа и освојување на трите бода. Верувам дека ќе продолжиме со игрите кои ги прикажавме пред паузата, кога на арената „Филип Втори“ славевме против екипи како Пелистер, Вардар и Шкупи“, истакнува Стојанче Велинов.