shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

ФК Работнички на 120.роденден на Јувентус (ФОТО)

ФК Работнички му го честиташе 120. роденден на Јувентус. Генералниот секретар Ненад Монев беше поканет на натпреварот Јувентус – Беневенто кој се одигра во неделата, како и на прославата на клубот. За таа пригода им го честиташе роденденот на Јувентус со шише вино, специјално полнето и брендирано за овој роденден од винарската визба „Тиквеш“.

Подарокот го прими потпретседателот на „старата дама“, Павел Недвед.

„Беше чест да се биде дел од роденденското дружење таа вечер во Торино, со претседателот на клубот Андреа Ањели, потпретседателот Павел Недвед и со колегата Генерален секретар на Јувентус, Маурицио Ломбардо“, вели Генералниот секретар на Работнички, Ненад Монев.

Овие денови се одржува првиот дел од напредната менаџмент програма на ЕКА, првиот модул на кој домаќин е токму Јувентус.