shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Кире Маркоски доби повик во А-репрезентацијата на Македонија

Фудбалерот на Работнички, Кире Маркоски, ќе биде дел од А-репрезентацијата на Македонија за пријателскиот натпревар против Норвешка на 11 ноември во Скопје. Селекторот Игор Ангеловски одлучи да го повика Маркоски дополнително, откако се соочи со неколку откажувања поради повреди. Тој треба утре да се појави на собирот во хотелот „Гранд Плаза“ во Скопје.

Во младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година, од редовите на Работнички повик доби дефанзивецот Нехар Садики.