shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Сержо јуниор: Со интелигентен пристап можеме да останеме непоразени против Шкендија

Работнички по трите последователни победи на домашен терен, денеска е пред ново големо искушение. Тимот на Горан Станковски ќе гостува во Тетово, каде ќе ги одмери силите со лидерот на табелата во Првата фудбалска лига, тимот на Шкендија.

Значаен придонес во последните добри игри и победи на Работнички има и крилниот напаѓач Сержо јуниор. Тој се надева дека тимот може и денеска да одигра на завидно ниво и да остане непоразен против Шкендија.

„Мораме да бидеме мудри, да одиграме интелигентно против Шкендија. Знаеме дека тие се во моментов најдобрата екипа во лигата, нивниот напад е речиси незадржлив. Но, доколку одиграме како на минатите натпревари и успееме да ги задржиме малку подалеку од нашиот гол, имаме шанси за успех. Верувам дека шефот на стручниот штаб ќе подготви добра противигра, а на нас останува да ја примениме на теренот. Атмосферата во тимот е одлична и тоа е наш голем адут и за денешниот дуел во Тетово“, порачува Сержо јуниор.