shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Станковски: Секој нареден меч сме се подобри

Работнички оствари три победи по ред и се искачи на шестата позиција на табелата во Првата фудбалска лига. По слабиот старт и промената на клупата, тимот што сега го предводи Горан Станковски заигра според очекувањата најавувајќи дека повторно ќе се бори за излез на европска сцена.

По Пелистер и Вардар, на арената „Филип Втори“ беше победен и тимот на Шкупи.

„Ме радува фактот што тимот од натпревар во натпревар игра се подобро. Со победите се врати и самодовербата и сега треба само да го држиме зацртаниот курс. Се разбира, има уште многу работа, затоа што само така и може да се реализираат целите“, вели тренерот Горан Станковски.

Не беше лесно да се оствари и трета победа во низа, да се совлада Шкупи.

„Очекував тежок натпревар против Шкупи, затоа што добро го познавам тој тим и знам дека се многу дисциплирани во играта и делуваат компактно на теренот. Добро е што успеавме да го отвориме резултатот на крајот од првото полувреме, а потоа свесно малку се повлековме за да имаме повеќе простор за противнапади. Тоа ни овозможи да создадеме неколку шанси и во вториот дел. За жал, реализацијата не ни беше на ниво, но морам да бидам задоволен од изданието на тимот. На ниедна победа не треба да и се гледа во заби“, истакнува шефот на стручниот штаб, Горан Станковски.

Во следното 14.првенствено коло, Работнички ќе и гостува на Шкендија во Тетово.