shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Станковски: Знаев дека овој Работнички може многу, и пред да дојдат овие победи

Работнички оствари две важни победи на двата последни првенствени натпревари, совладувајќи ги Пелистер (2-0) и Вардар (3-1). Тоа значително ја подобри атмосферата во тимот, со аспирација позитивните резултати да продолжат и на наредните мечеви. Тренерот Горан Станковски е задоволен од изданието против шампионот Вардар, истакнувајќи дека ова го предвидел уште кога дојде на клупата, а сега работите доаѓаат на свое место.

„Уште кога бев назначен за нов шеф на стручниот штаб, реков дека Работнички има голем квалитет во својот тим. Требаше само психолошки да се подигнат фудбалерите, и со напорна работа да се врати екипата во победнички колосек. Драго ми е што успеавме во тоа, и сега не смееме да застанеме тука, иако не е лесно да се остварат две големи победи по ред, против Пелистер и против Вардар. Заслугите секако одат кон фудбалерите, максимално се мотивирани да го покажат својот квалитет, работат одлично на тренинзите, и токму затоа дојдоа и позитивните резултати“, вели шефот на стручниот штаб, Горан Станковски.

Првенството влезе во силен ритам, претстои ново искушение против Шкупи овој викенд.

„Шкупи е квалитетен тим, многу добро ги познавам дел од фудбалерите на овој ривал, и сигурно дека не очекува нов тежок предизвик. Имаме и повредени фудбалери, но верувам дека сите што ќе добијат шанса ќе ја искористат и дадат полн придонес за да оствариме уште еден позитивен резултат“, истакнува Горан Станковски.