shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Маркоски: Со многу борба и залагање, до успех против Пелистер

Работнички в недела (14.30 часот) на арената „Филип Втори“ ќе го пречека Пелистер во рамките на 11. првенствено коло од Првата фудбалска лига. Тоа е исклучително значаен натпревар за тимот што го предводи Горан Станковски, кој иако доживеа елиминација во Купот од Шкендија, сепак, демонстрираше многу подобра игра на дуелот во Тетово.

Крилниот напаѓач Кире Маркоски се надева дека тоа е знак за излез од резултатска криза, очекувајќи „романтичарите“ да одиграат квалитетно и да остварат позитивен резултат на дуелот со Пелистер.

„Против Шкендија во Купот одигравме навистина на високо ниво, и само среќата во пенал – рулетот не дозволи да се пласираме во следната рунда. Но, мислам дека тоа е добар знак како нашата игра сега е на многу повисоко ниво, па очекувам да продолжиме со уште подобри изданија и да излезме од кризата. Со многу борба и залагање, и максимална посветеност, мислам дека можеме да оствариме позитивен резултат и на неделниот дуел против Пелистер. Тоа е тим што претендира за излез во Европа, спој на младост и искуство, кој има несомнен квалитет, но и нашата самодоверба сега е зголемена и ќе се обидеме тоа да го преточиме во добар настап“, вели Кире Маркоски.