shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Александар Ставрев ќе го суди мечот Ренова – Работнички

Работнички утре (14.30 часот) ќе гостува на Градскиот стадион во Тетово и ќе го одмери силите со тимот на Ренова, во рамките на десеттото коло од Првата фудбалска лига на Македонија. Познати се официјалните лица за овој натпревар.

Главен судија на овој меч ќе биде Александар Ставрев, а ќе му помагаат Марјан Кировски и Дејан Костадинов, сите од Скопје. Четврти судија ќе биде Ивана Пројкова (Скопје).

За делегат на натпреварот е одреден Ерџан Менга (Гостивар), а контролор на судењето ќе биде Благој Шуклев (Стојаково).