shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Без голови на дуелот против ФК Скопје

Работнички одигра уште еден натпревар без голови откако ремизираше на „Железарница“ против Скопје. Беше тоа дуел со многу борба, но и малку сериозни шанси за постигнување погодок.


Десниќ се закани со удар со глава во 17.минута, а по половина час игра Херера испрати силен шут од 20 метри, но директно во противничкиот голман.

Во 38.минута, Ѓурчиновски шутираше од 12 метри, но Шишковски го одбрани неговиот удар.

Во второто полувреме, Работнички беше поактивен, но не успеа да ја погоди противничката мрежа. Рашо се обиде од десната страна, потоа и Сахити од далечина, но без ефект. Во самиот финиш, Остоја Стјепановиќ изведе слободен удар од 25 метри, но неговиот шут го одбрани Тигран Кандикјан.

СКОПЈЕ – РАБОТНИЧКИ 0-0

Стадион „Железарница“. Гледачи: 500. Судија: Стојанче Стојанов (Штип). Ж. картони: Ужевски, Ѓорѓиевски, Алексовски (Скопје), Сахити, Стјепановиќ, Митрев.

СКОПЈЕ: Кандикјан, Ужевски, Личина, Велкоски, Мишевски, Ѓорѓиевски (48’ Сулемани), Пецов, Јаневски, Алексовски, Ѓурчиновски, Десниќ.

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Рашо, Митрев, Садики, Херера, Стјепановиќ (88’ Најдовски), Сахити (75’ Ацковски), Дурански, Кадриу, Гофри, Сержо јуниор