shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Стојанче Стојанов ќе го суди мечот Скопје – Работнички

Работнички утре (15 часот) му гостува на ФК Скопје во рамките на 9.коло во Првата фудбалска лига на Македонија. Натпреварот ќе се игра на стадионот „Железарница“, а главен судија ќе биде Стојанче Стојанов од Штип. Ќе му помагаат Никола Караколев (Штип) и Игор Ширилов (Скопје). Четврти судија е Дејан Димитриевиќ (Скопје).

За делегат на натпреварот е одреден Жарко Стојаноски (Брвеница), а контролор на судењето ќе биде Сашко Ангелов (Кочани).