shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Пораз од Академија Пандев на арената „Филип Втори“

Работнички го оствари третиот пораз во новата сезона од Првата фудбалска лига, откако денеска загуби од Академија Пандев на арената „Филип Втори“ со 1-2. Иако тимот на Виктор Треневски имаше водство од осмата минута, со голот на Чарлс Чинеду Гофри, на крајот сепак остана без бодови. Слабата реализација на шансите, на крајот беше кобна, каки и невнимателноста во одбраната.


Работнички имаше шанса да поведе уште во петтата минута. Миле Тодоров беше соборен од голманот Вујанац во шеснаесетникот, и беше досуден пенал. Но, Кире Маркоски не успеа да го реализира, шутирајќи над голот од белата точка. Три минути подоцна сепак Гофри го доведе Работнички до предност.

Но, во 27.минута, Тодоров направи прекршок во сопствениот шеснаесетник и беше досуден пенал за Академија Пандев. Сигурен реализатор беше Јани Атанасов.

Остоја Стјепановиќ од слободен удар го погоди дирекот од голот на гостите, па на полувреме се замина со резултат 1-1.

Во второто полувреме, Гофри имаше одлична шанса да донесе водство, но шутираше над голот, а во 75.минута, Александар Мишов постигна погодок за водство на Академија Пандев од 1-2.

Кадриу во завршницата го погоди дирекот од голот на гостинскиот голман Вујанац, и бодовите заминаа за Струмица.

РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-2 (1-1)

Арена „Филип Втори“. Гледачи: 300. Судија: Димитар Мечкаровски (Скопје). Стрелци: Гофри 8’ (Работнички), Атанасов 27’ пен., Мишов 75’ (Академија Пандев). Ж. картони: Тодоров (Работнички), Вујанац, Атанасов (Академија Пандев).

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Илиев, Рашо, Митрев, Лазаров (77’ Ацковски), Тодоров (57’ Садики), Стјепановиќ, Сахити, Велинов, Маркоски (44’ Кадриу), Гофри.

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ: Вујанац, Вареловски, Димов, Чешмеџиев, Стоилов, Иванов, Дориев (75’ Ганчев), Грифони, Пандев (65’ Балдовалиев), Атанасов, Бовен (39’ Мишов).