shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Гофри: Посакуваме нов триумф на денешниот меч

Работнички денеска (15.30 часот) го пречекува тимот на Академија Пандев, и по подолг период се враќа на арената „Филип Втори“. По триумфот над Победа во Прилеп и одличното второ полувреме, новиот напаѓач Чарлс Чинеду Гофри се надева дека екипата ќе го задржи истиот ритам и на денешниот дуел со новиот прволигаш од Струмица.

„Остваривме триумф на минатиот меч во Прилеп, и се надевам дека во ист ритам ќе продолжиме и на денешниот меч. За мене ќе биде прво појавување на најголемиот стадион и се надевам дека ќе го паметам по убаво. Посакуваме нова победа, сите сме максимално фокусирани на тоа. За мене лично, ова е едно големо искуство, дојдов во Македонија да се наметнам со своите игри и да напредувам како фудбалер. Одлично сум прифатен во Работнички и верувам дека од натпревар во натпревар ќе играме се подобро, затоа што сепак е ова еден нов тим, на кој му треба малку време за да се воигра“, вели нигерискиот напаѓач.

Главен судија на денешниот натпревар меѓу Работнички и Академија Пандев ќе биде Димитар Мечкаровски, а ќе му помагаат Дејан Неделкоски и Гоце Петревски од Скопје. Четврти судија е Дарко Стојчевски (Скопје). Делегат на овој натпревар е Гоце Шопоски (Струга), а за контролор на судењето е одреден Ванчо Костенчев (Скопје).