shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Фантастичен пресврт за триумф над Победа во Прилеп

Работнички стигна до првиот триумф во новата сезона од Првата фудбалска лига, совладувајќи ја Победа со 2-4, со фантастичен пресврт во второто полувреме. Тимот на Виктор Треневски имаше негатива од 2-0 по првото полувреме, но во вториот дел постигна дури четири гола и стигна до многу значајни три бода, во рамките на шестото прволигашко коло. Кире Маркоски беше стрелец на два гола, а асистираше и до Гофри. Во листата на стрелците се запиша и Емир Сахити.


Не почна најдобро мечот на Могила за Работнички. Победа поведе во четвртата минута со голот на Гешоски. Тој на вториот дирек го реализираше центаршутот на Лука Трајкоски од десната страна. Во 30.минута, Оливер Најдовски по вторпат ја затресе мрежата на Шишковски, и прилепскиот тим имаше завидна предност по првиот дел.

Но, Работнички одигра фантастично второ полувреме. Го најави Кире Маркоски со голот во 57.минута, по асистенцијата од Велинов. Шест минути подоцна, Емир Сахити сакаше да центрира од левата страна, и за негова среќа обидот се претвори во гол, откако го лобуваше голманот на Победа, Давор Талевски.

По ова, Работнички тргна по сите три бода. Во 83.минута, беше досуден пенал над Кире Маркоски, а нашиот напаѓач беше и успешен реализатор на најстрогата казна.

Во завршницата, Кире Маркоски повлече противнапад, го проигра Чарлс Гофри, кој и четврти пат ја тресеше мрежата на Победа, за голем пресврт и за многу важна победа за Работнички.

ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ 2-4 (2-0)

Стадион Могила во Прилеп. Гледачи: 300. Судија: Марјан Гоцевски (Струмица). Стрелци: Гешоски 4’, Најдовски 30’ (Победа), Маркоски 57’, 83’ пен., Сахити 63’, Гофри 89’ (Работнички). Ж. картони: Илијовски, Гешоски, Најдовски, Станиќ (Победа), Велинов, Гофри, Тодоров (Работнички).

ПОБЕДА: Талевски, Илијовски, Ристевски, Илиески, Најдовски, Качар, Трајкоски (52’ Карчески), Наумовски, Станиќ, Цветаноски, Гешоски (72’ Маневски).

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Илиев, Митрев, Рашо, Лазаров, Стјепановиќ, Кадриу (75’ Тодоров), Велинов (87’ Садики), Сахити, Маркоски, Гофри (90’ Билали).