shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Мечот од Купот со Шкендија в среда ќе се игра во Ѓорче Петров

Натпреварот од осминафиналето од Купот на Македонија што Работнички в среда ќе го игра против Шкендија, е закажан на стадионот во Ѓорче Петров со почеток во 15.30 часот.

Ваквата одлука е донесена поради зафатеност на Националната арена „Филип втори“ и претстојниот меч од Лигата на Европа меѓу Вардар и Зенит од Русија.

Реванш натпреварот од осминафиналето ќе се игра во Тетово на 18 октомври.